Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 13. степени

Охрид, 10. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Денес, преку ноќта и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец најизразен долж Повардарието и во источните делови (над 60 км/час). Преку ноќта во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има до понеделник до крајот на денот (над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со услови за појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука