ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Македонското Собрание ги разреши министрите Меџити и Алиу

Скопје, 10. февруари 2024 (ОРХИДПРЕС) – По целодневна расправа во Собранието, парламентарното мнозинство, синоќа, неколку минути пред полноќ го изгласа разрешувањето на двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество и администрација.

За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани бидејќи опозициските пратеници по учеството во целодневната дебата со критики за владеачката коалиција не учествуваа во гласањето.

Меџити и Алиу се приврзаници на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Нивното разрешување го побараа органите на Алијансата каде мнозинство има поранешниот лидер Зијадин Села по што владата побара разрешување.

Расцепот во Алијанса се појави откако Таравари најави дека партијата која ја води ќе биде дел од опозициската коалиција на албанските партии во Македонија. Села и неговото крило се спротивставија по што министрите подржувачи на партискиот лидер Таравари беа разрешени. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука