Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Се реконструира регионалниот пат Охрид-Св. Наум (Фото)

Охрид, 11. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Oд 24-ти октомври 2023 година започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, информирааат од Авто-мото Сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација, потенцираат од АМСМ.

Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци.

Сосема за крај, од архивата на Супер радио и OhridPress реобјавуваме една стара информација, која датира од февруари 2014 година, и која совршено добро опишува каде живееме, кого бираме и гласаме и која воопшто е состојбата на духот овде. Обрнете внимание на крајот на веста каде се најавува уште едно градежно чудо, кое и понатаму е актуелно.

Најдоцна до крајот на годинава ќе стартува изградбата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Се работи за целосно нов пат, кој ќе поминува над сегашната магистрала, која е изградена пред 45 години и е во лоша состојба. Сообраќајницата ќе биде широка 12 метри, со 4 сообраќајни ленти – по 2 во секој правец, а ќе се гради во 2 фази. Проектот за првата фаза, за потегот од Охрид до Пештани, треба да биде завршен до јуни. Паралелно со тоа се изготвува и втората фаза од истиот проект од Пештани до Свети Наум, односно до граничниот премин кон Република Албанија. Тој проект согласно потпишаниот договор треба да биде готов до крајот на 2014 година“. Охриѓани се надеваат дека новиот пат ќе помогне за уште поголем развој на туризмот во овој регион, но и за олеснето одвивање на сообраќајот за време на туристичката сезона. Соред предвидената траса, новиот магистрален пат треба да поминува во близина на Националниот парк „Галичица“ заради што ќе биде потребно одобрение и од Министерството за животна средина. Според проценките, патот долг 39 километри ќе чини околу 70 милиони евра. Патниот правец Охрид-Кичево, пак, се очекува да се започне со градба за еден месец. Средствата се обезбедени, склучени се договори, а моментално се работи на довршување на постапките за експропријација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука