Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лица од селата Слатино и Биџево физички се пресметале во угостителски објект на кеј „Македонија“

Охрид, 11. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2024 година, во 00:40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се две лица од селото Слатино, општина Дебрца и струшкото село Биџево, на возраст од 26 и 25 години.

– Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука