Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Поради агресивно однесување, во центарот на Охрид приведено лице од селото Злести

Охрид, 11. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2024 година, во 03:45 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведено е 24-годишно лице од селото Злести, општина Дебрца.

– Тој, бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука