февруари 11, 2024

Поградец/Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција доставија прекрасни фотографии од големото виножито кое го разубави Охридското Езеро попладнево, на потегот над градот Поградец во соседна Албанија.

– Дождот врне, дува и силен ветер, но тоа за нас не беше пречка да застанеме над Поградец и  да уживаме во оваа прекрасна глетка над езерото, порачаа во дописот.

Метеоролозите за денес во Охрид најавуваат променливо облачно време со врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Локален дожд со послаб интензитет ќе има и во вторник, а потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука