Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

ФТУ Охрид организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности

Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за научно истражувачка работа при охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ), во соработка со факултетското студентско собрание организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности, предвидена за 22-ри мај.

– Целите на студентската конференција се насочени кон истражување и нови знаења, вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера, развивање презентациски вештини, како и развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели, соопштија од ФТУ.

Потенцираат дека услужниот сектор е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој, генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста.

Трудовите на теми туризам и угостителство, хотелско-ресторански менаџмент, осигурување, гастрономија, финансии, менаџмент со ризик, царина и шпедиција и меѓународна трговија се поднесуваат до 15-ти мај, електронски на email адреса: conference@ftu.uklo.edu.mk, а ќе бидат прзентирани на денот на одржување на конференцијата.

Настанот е поддржан од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука