ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Се реконструира регионалниот пат Охрид-Св. Наум

Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата на АМСМ дека се реконструира регионалниот пат Охрид-Св. Наум е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профил.

Oд 24-ти октомври 2023 година започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, информирааат од Авто-мото Сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација, потенцираат од АМСМ.


Читателите на OhridPress со бројни реакции бараат да се среди овој патен правец и да не се застане само на кастрење на големите гранки околу патот. Потсетуваат на бројните ветувања, стари и повеќе од десет години за проширување на оваа делница. Овој патен правец е во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука