Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во декември 2023 година во Охрид се издадени 8 одобренија за градење, од кои 6 на физички лица и 2 на деловни субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во соседна Струга не се издадени одобренија, а во општините Вевчани и Дебрца се издадени по едно одобрение за градење, двете на физички лица.
Според истиот извор, во истиот месец се издадени вкупно 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.401.489 илјади денари, што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 70 (23.9 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 293 објекти, на 151 (51.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (48.5 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 439 станови, со вкупна корисна површина од 35.489 м2. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива