Скопје/Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2023 година изнесува 55.875, од кои 38,6% се домашни туристи, а 61,4% се странски туристи.
– Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111.668, од кои 41,6% се од домашните туристи, а 58,4% од странските туристи. Во периодот јануари-декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20,6%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,6%, а кај странските има зголемување за 36,6%. Во периодот јануари-декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 10,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 22,9%, информираат од ДЗС.
Најмногу туристи престојувале во Скопје, вкупно 21.521, од кои 3.975 домашни и 17.546 странски, кои оствариле вкупно 38.518 ноќевања. Во езерските места престојувале вкупно 16.087 туристи од кои 8.353 домашни и 7.734 странски кои оствариле вкупно 30.181 ноќевања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес