Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Волонтерите на Црвен крст Охрид дел од „Night to shine“, свечена матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби

Охрид/Ресен, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Волонтерите на Црвен крст Охрид дел од годинешното издание на „Night to shine“, свечена матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби.

– Нашите волонтери и оваа година по трет пат беа дел од свечената матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби, која е во организација на Tim Tebow Foundation, под име „Night to shine“. Настанот се одржа минатиот петок, на 9-ти февруари 2024 година во Ресен, и на истиот учествуваа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеја, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта. Ни причинува огромно задоволство што нашите волонтери имаа повторно прилика да ја почувствуваат магијата на овој настан и со овие личности заедно да ги делат насмевките, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука