Охрид, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските возачи ги наполнија станиците за технички преглед за да ги заменат старите налепници на регистарските таблички со нови, со ознаката „NMK“.
Возачите трпеливо од утринските часови во колони чекаат во ред да добијат налепници со новата ознака.
Од станиците за технички преглед на возила за Супер радио и OhridPress велат дека возачот треба лично да дојде со возилото во станицата, а со себе да понесе сообраќајна дозвола. Налепниците се бесплатни, а на таблиците ги аплицираат нивните контролори. Од станиците се пожалија дека ваквата постапка во одредена мера пречи на нивната редовна работа, односно на техничкиот преглед на возилата.
Како и замената на личните документи, и обврската за користење на кодот NMK на регистарските таблички е произлезена од Преспанскиот договор. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес