Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на струшко Луково пријавен дека со ловечка пушка пукал кон кучиња во селото

Струга, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2024 година, во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со 22-годишно лице од струшкото село Луково, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна жена од истотo село дека од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон кучиња кои биле пред нејзината куќа.

– Од пријавеното лице била одземена ловечката пушка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука