Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

МВР: Возачките дозволи и книшки со името Република Македонија ќе важат до крајот на 2024 година

Скопје, 12. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека согласно Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, усвоен на денешната седница на Собранието на Република Македонија, возачките дозволи и возачките книшки со името Република Македонија ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен на возачката дозвола.

Додаваат дека рокот важи најдоцна до 31-ви декември 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука