ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата со богат „улов“ на запленети рибарски мрежи

Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција доставија фотографии од бројни запленети мрежи, кои рибокрадците ги поставиле во водите на Охридското Езеро, пред Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро (Езерската полиција) во каналот „Студенчишта“.

Ова доаѓа во време кога е се’ позабележително девастирањетото на живиот свет, особено рибата, од кои најбарани се пастрмката, белвицата и крапот.

Од другата страна на езерото се врши порибување со помали количини, но она што се вади за потребите на рестораните во Албанија е несразмерно поголемо. Пастрмката таму се служи сосема легално и без никакви правни консеквенци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука