Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со 37. точки на Дневниот ред, денеска се одржа 38. седница на советот на Општина Охрид.
– Првите две точки на Дневниот ред се однесуваа на развојната програма за капитални инвестиции во основното образование и одлука за годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор за тековната година. Останатите точки од дневниот ред се однесуваа на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа.
Без поголеми дискусии, советниците со големо мнозинство ги изгласаа сите точки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33