Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријави за полициски службеници вработени на преминот „Ќафасан“ поради примен поткуп и помагање (Видео)

Струга, 14. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднесе кривична пријава против две лица.

– Станува збор за лицето К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик. Првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Ќафасан“, на 4-ти јануари 2023 година од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие. Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. (Крај)

извор: МВР фото/видео: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука