News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
февруари 15, 2024

Охрид, 15. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По неколкуте пожари на отворен простор на локации на подрачјето на општина Дебрца, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.

– Упатуваме апел до жителите на Дебрца да избегнуваат палење оган на отворено, на стрништа, плевел и отпадоци и потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, апелираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука