Избор Избори 2024 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Мицкоски: На престојните избори во Охрид очекуваме двојна победа во однос на конкурентите од СДСМ

Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се подготвуваме за претстојните двојни избори, за помалку од 50 дена од денеска започнува предизборната трка за првиот круг на претседателски избори, очекуваме врз основа на тоа кое што можеме да го забележиме од Охрид и охриѓани е добар резултат овде во Охрид, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекуваме огромна победа. Би било нескромно ако кажам можеби и двојна победа во однос на конкурентот кој што доаѓа од СДСМ. Исто така како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме како партија и како коалиција на парламентарните избори добар резултат и огромна победа. И веднаш после победата на парламентарните избори најдоцна до средината на јуни месец формирање на Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски за време на денешната посета на Охрид.

Тој го поздрави процесот на одблокирање на сметката на ЈП „Нискоградба“ и најави голема инвестициска градежна офанзива.

– По тоа ни е во план средината на јули месец ребаланс на Буџетот и веќе од есента да бидат распишани тендерите за проектите кои што централната Влада ќе ги финансира овде во општина Охрид, а за кои што многупати сме зборувале во изминатите мои посети. Јас знам дека општина Охрид има подготвено такви проекти и цениме дека не очекува една голема инвестициска градежна офанзива, потенцираше првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука