Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Со проект вреден 30 милиони денари се решава проблемот со канализацијата во Горно и Долно Лакочереј

Охрид, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со проект вреден 30 милиони денари кои што преку 22 милиони денари од буџетот на Општина Охрид и 8 милиони од Министерството за животна средина ќе се решава проблемот со канализацијата во Горно и Долно Лакочереј стар 30 години.

– Како локална самоуправа, уште со самото доаѓање, првата работа која ја направивме беше да нарачаме проект, втората извадивме одобрение и веќе од денешен аспект имаме проект во вредност од 30 милиони денари кои што преку 22 милиони денари ќе биде обезбеден од буџетот на Општина Охрид, а 8 милиони го аплициравме и добивме средства од страна на Министерството за животна средина. Ова е начинот на кој што покрај овој проект за кој за години се разговарал ќе делуваме и во иднина, проекти за кои што за години се разговарале, а се од суштинско значање и секако дека временските услови дозволија и почеток и секако дека се надевам дека во многу скоро време ќе го завршиме овој проект и луѓето ќе можат конечно во 21 век да имаат од месноста зборам, од местата од Горно и Долно Лакочереј да имаат канализација. Покрај овој проект ќе имаме презентација на уште неколку тековни проекти кои што се отпочнати, а не се завршени и кој што се завршени и проекти кои што ќе отпочнат во делот на касарната, а којшто досега не сме имале можност да ги видиме и да ги презентираме пред јавноста. Така да еден плоден и богат ден, за понатака ќе ги оставиме влезовите на Охрид од страна на Битола, улицата „7-ми Ноември“ и влезот на Охрид од страна на Струга, стариот пат за Струга, улицата „Гоце Делчев“ каде што на двете улици се прави комплетна реконструкција. На тој начин тие се едни од поголемите проекти и во текот на наредниот период едната улица ќе биде завршена до текот на летната сезона, останата ќе биде ставена пред текот на сезоната мислам на улицата „Гоце Делчев“ во функција, а ќе биде продолжението после 1-ви септември односно завршетокот на туристичката сезона, истакна градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука