Струга, 16. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти февруари 2024 година, во 09:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека 33-годишниот Н.У. од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.
– Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 68