Севиња/Скопје, 18. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Историски ден за македонската атлетика. Нашиот Дарио Ивановски само што финишираше на маратонот во Севиља, Шпанија со неверојатно време од 2:08.25, информираат од Атлетската Федерација на Република Македонија.
– Тоа значи подобрување на Националниот рекорд за цели 3 и пол минути. Но, она што го прави овај резултат фантастичен е тоа штo Дарио се доближи на само 15 секунди од Олимписката норма од 2:08.10. Со овај резултат Дарио ќе се искачи високо на светската ранкинг листа и може да се каже дека веќе е со една нога во Париз, потенцираат од Федерацијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 71