Охрид, 18. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вистинска привилегија беше викендов да се биде во преубавиот Охрид, кој во февруари е исполнет со туристи како во сезона.
Бројни гости од Србија, Грција, Албанија, но и многу други земји го искористија денешното февруарско Сонце и високите температури од околу 12. степени Целзиусови за прошетка по кејот и плажите. Во комбинација со домашните гости и убавото време тие уживаа во неповторливите убавини на градот под Самуиловата тврдина.
Одлична исполнетост забележаа и угостителските објекти, каде се бараше место повеќе за кафе дружење или ручек со семејството и пријателите.
– Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Само во вторник ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со умерен северен ветер, а дневната температура малку ќе опадне, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес