Избор Култура ТОП ВЕСТИ

До среда отворен конкурсот за најдобра песна за деца „Тоде“

Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со среда, 21-ви февруари, може да се испраќаат творбите по конкурсот „Тоде“ за најдобра песна за деца, што го објави  Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ од Охрид.

Право на учество имаат сите домашни автори, творбите се испраќаат на електронската пошта nagradatode@gmail.com.

Изборот на трите најдбри песни ќе го врши жирито во состав Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова. Предвидени се парични награди, за прво место 9.000 денари, за второ 6.000 и за трето место 3.000 денари.

– Минатата година наградите ги добија: прво место, Пандалф Вулкански со песната „Алиса се кара со белиот зајак и со неговата тава“, второ место Соња Манасиевска Конеска за „Жабешки хор“ и трето место Зоран Јакимовски за „Штурецот и мравката“. Песните можете да ги прочитате во шестиот број на книжевното електронско списание „(е)Лит“. Наградата е финансиски поддржана од Општина Охрид, информираат од здружението.

Повеќе детали во врска со конкурсот можат да се прочитаат на Facebook страната на „Креативна верига“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука