ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Дивите депонии и понатаму проблем, во акција за расчистување собрани 46 м³ отпад

Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дивите депонии создадени од несовесни граѓани и ниската еколошка свест и понатаму се проблем што тешко се надминува.

Деновиве екипи на ЈП „Охридски комуналец“ реализираа уште една акција за расчистување на диви депонии, овојпат во селата Рамне и Косел. Притоа биле собрани 46 м³ зелен и кабаст отпад.

OhridPress во повеќе наврати и од различни аспекти има пишувано за отсуството или ниското ниво на култура на однесување и грижа за животната средина, што често пати се покажува во пракса.

Од искршени и превртени клупи, до оштетени споменици, детски игралишта, дрвореди, расфрлано ѓубре… Ако вакви случки бевме навикнати повеќе да гледаме во текот на летната сезона, кога има и поголема фрекфенција на луѓе, се покажа дека и домицилното население знае да ја покаже „културата“ на дело.

Се поставува прашањето дали можеби казните, особено паричните, ќе нé направат покултурни?! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука