Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“, песна за која текстот и музиката се дело на Лара и Јосиф, а за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров.
Диско ритам, младешка енергија и гламур, „Сите светла“ е нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.
– Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него, вели Лара.
Оваа млада дама е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 92