Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ со потсетување на големиот земјотрес од 6,7 степени кој го погоди регионот на Охрид на 18-ти февруари 1911 година

Скопје/Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ вчера излегоа со потсетување на големиот земјотрес кој се случи на 18-ти февруари 1911 година во јужниот дел на Охридското Езеро.

– На 18-ти февруари 1911 година, јужниот дел на Охридското Езеро бил погоден од серија земјотреси со разорни магнитуди. Во 21 часот и 35 минути UTC (Coordinated Universal Time) се случил првиот и најсилен земјотрес со Рихтерова магнитуда од 6,7 степени. Истиот бил почувствуван со максимален интензитет од 9 степени според EMSC-98. Истиот ден се случиле уште 4 земјотреси со магнитуди од 5,9 степени според Рихтер и интензитети од 8 степени според EMSС-98, потсетуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Додаваат дека постземјотресната активност продолжила и траела низ целата 1911 и 1912 година. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ фото: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука