Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата во која е поместен последниот коментар на денот во кој читател на OhridPress кратко и јасно потенцира дека „ја изградивме Либија, Иран и Русија, сега бараме странци-експерти за свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид“, е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профил.
– Нашите експерти ја изградија цела Либија, Иран и Русија и други по светов, овој ќе барал странци, стои во коментарот.
Читателите на OhridPress со бројни реакции и посочуваат на бројни македонски градежни компании од минатото, од кои дел работат и денес, а кои биле сериозни имиња на светско ниво. Потсетуваат на бројни нивни градежни зафати, изградени автопати и други објекти, некогаш и во предели од светот каде има најлоши услови за работа. Заедничко за сите е што бараат одговорност од сите кои ги носеле одлуките од самиот почеток на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес