Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

38-годишно лице затекнато при кражба во трговски објект во Охрид

Охрид, 19. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти февруари 2024 година, во 20:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 38-годишно лице од Охрид.

– Тој бил затекнат при извршување кражба во трговски објект во Охрид, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука