Скопје/Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во јануари во Република Македонија од Covid-19 починале четри лица, стои во билтенот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања.
Во текот на месецот се пријавени вкупно 187 случаи. Споредено со претходниот месец, бројот на заболени од Covid-19 бележи намалување од 9,2%.
Најголем број заболени се пријавени во Скопје, а највисока инциденца (54,4/100.000) е регистрирана во Охрид.
Регистрирани се и 67 реинфекции. (Крај)
извор: emagazin.mk фото: архива
Прочитано: 37