Забава Избор

Констракта и оваа година во обид да ја однесе Србија на Евровизија, овој пат со „Ново, боље“

Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една од најавтентичните музичарки во регионот Ана Ѓуриќ – Констракта пред две години го освои светот со песната „In corpore sano“, а сега на публиката и’ го подарува синглот „Ново, боље“, со кој повторно ќе се обиде за ја претставува својата земја на изборот за педна на Евровизија.

– Песната почнав да ја пишувам пред една година. На некој начин е пандан на песната „In corpore sano“ затоа што ги обработува темите кои преовладуваат и анксиозноста што ни ја носат, изјави Констракта за новата песна.

Во 2022 година, таа ја претставуваше Србија на натпреварот за песна на Евровизија, каде што го зазеде петтото место со „In corpore sano“. Дали повторно ќе ја претставува нејзината Србија на Евровизија, публиката официјално ќе дознае во финалето закажано за 2-ри март 2024 година.

Оваа година, главниот натпревар ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај 2024 година, откако минатата година Loreen беше најдобра и го донесе натпреварот во повторно во Шведска. Македонија втора година по ред нема да биде дел од Евровизија. Минатата година пропуштивме поради финансиите, а годинава јавниот сервис требало да се фокусира на одбележување на 80-годишен јубилеј од постоењето на Македонското Радио, и 60 години јубилеј од постоењето на Македонската телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука