Забава Избор

Ивона Јо ја објави новата песна „Друго“

Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ивона Јо ја објави својата нова песна „Друго“, за која таа вели дека е нов и свеж почеток за неа и сингл на кој работела полни шест месеци.

Композитор и аранжер е Илија Ќосевски, а текстот е на Весна Малинова.

– Треба да научиме дека ни треба само љубов за да опстоиме во оваа средина и општество, затоа што кога имаме љубов и убава енергија, се останато си доаѓа само по себе, вели Ивона, девојката со моќен глас, која сега слободно може да каже дека го има својот внатрешен мир, стекнат по многу животни бури.

Во новиот видеозапис Ивона Јо се појавува во издание во какво ретко ја гледаме. Провокативна, обвиена со змија и сцени кои ја претставуваат во сосема ново светло. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука