Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Расчистена кражба во Струга, 23-годишна жена од Куманово одзела повеќе производи од трговски објект

Струга, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти февруари 2024 година, во 10:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 23-годишна жена од Куманово.

– Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука