ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Муабети од Охрид и околината Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Муабети од Охрид и околината: Кога Љупчо Кочко и професор Никола Волкан беа на лов на еребици во Ресенско

Охрид, 20. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето.

Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се заборават најубавите спомени и настани од најубавиот град. Истите ќе бидат споделувани автентично, најчесто на охридски дијалект.

Муабет за Љупчо Кочко

Денојве ме потсетија на еден муабет од Љупчо Кочко. Љупчо беше зет охридски од Ресен, по занимање беше новинар ми се чинит дописник на „Вечер“ од Охрид. Беше боем чоек, мајтапчија, со секого имаше муабет. Почина млад, ама муабетиве негој ушче се споменвет.

Е сега муабетов:

Ошле со професоров Никола Волкан на лов на еребици во Ресенско. Време есенско, темно, не се гледало ногу. Ко шо пукале со чифте, некоја сачма летнала над некој чоек шо се нашол во полето. Тој лут идат да се карат со двајцава, да се расправат. За да го смирет Љупчо му велит:

– Абе чоек, да не се расправаме, ево бундава зимска шо ја носам, ќе ти ја дам и да завршиме со расправијава.

Тој се сложил, ама видел дека мојт ушче нешчо да ќарит и им велит:

– Ама гледам дека и ушево ми е дупнато, нешчо крв ми течит, шо прајме со то.

Љупчо му одгорвит:

– За ушето ќе ти купиме една убетка, ќе ја покријаш дупката на ушето и ко шо си убав со убеткава ќе си ушче поубав.

објавил Ѓорги Љатко

Објавите во Facebook групата Муабети од Охрид и околината можете да ги следите ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес/Муабети од Охрид и околината фото: Муабети од Охрид и околината

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука