Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за последното вакво „дело“, кога некој фрлил две автомобилски гуми во езерото, претходно прикачени на малиот мост пред хотелот „Тино“ за побезбедно застанување на пловните објекти.
Скоро на истиот потег, неодамна некој заклучил дека е добра идеја, во езерото да фрли два тротинети.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 58