Охрид/Велмеј, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти февруари 2024 година, во 16:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Мазатар“ во селото Велмеј, општина Дебрца, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 54-годишно лице, врз една година постар жител на селото.
– Против напаѓачот, кој е од истото село, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 71