Струга, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти февруари 2024 година, во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Ресен, на улицата „Јосиф Јосифовски” во Ресен лишиле од слобода две лица од Струга, на возраст од 43 и 34 години.
– При преглед на патничко моторно возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки во кое биле двете лица, била пронајдена кеса со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 49