ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро на еден сантиметар под просекот за февруари

Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од просекот за овој период од годината.

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), покажуваат дека езерото е на кота од 693,38 м.н.в, што е за еден сантиметар под просекот за февруари (693,39 м.н.в) и 28 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 8,5 степени и е за 2 степени повисока од просечната.

На почетокот на месецов нивото беше во рамки на просекот, по што следуваа осцилации под оваа кота, за сега повторно да се приближува до просечното.

Во Охрид сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.

– Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со позитивни утрински температури. Утре и за време на викендот ќе дува умерен до наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука