Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во сообраќајка на патот Охрид-Кичево, кај селото Мешеишта повредено 25-годишно лице од Лешани

Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви декември 2024 година, во 17:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, Општина Дебрца, патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано 25-годишно лице од селото Лешани, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука