Струга, 23. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настани случени на територијата на Општина Струга во текот на минатата година, доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, на 31.07.2023 година на подрачје на Калишта, струшко, на државно земјиште без одобрение поставил метални столпчиња и оградил две парцели, по што започнал со истурање земја на ограденото место.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Пријавениот, на 20.02.2023 година во Струга лажно пријавил дека од стан, од кој имала клуч неговата поранешна сопруга, биле одземени пари и злато и ја посочил неа дека ги одзела.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2023 година, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Живојно поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 15.02.2023 година во Одделението за управни работи Струга, пријавениот физички нападнал референт за издавање возачки дозволи. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес