Охрид, 24. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е собирањето на 10.000 потписи за поддршка на проф. д-р. Билјана Ванковска, кандидатка од Левица за Претседателка на Република Македонија на престојните претседателски избори, информираат од партијата.Како може да се потпишете:
Понесете лична карта или пасош за идентификација во подрачната канцеларија на ДИК. Упатете се во просториите на ДИК во зградата на Општина Охрид на ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид. Известете ги вработените во ДИК дека сакате да се потпишете на Образецот за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Македонија за Билјана Ванковска-Цветковска. Покажете го својот документ за идентификација и внесете го вашето име, презиме, матичен број и потпис на образецот.
Канцелариите на ДИК во Охрид работат од понеделник до недела (секој ден вклучувајќи ги и викендите) од 08:00 до 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес