ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Општина Вевчани Охрид ТОП ВЕСТИ

Сите нудат кандидати, само Вевчани нуди Господин за претседател: Господин Попоски собира потписи за кандидатура

Вевчани/Охрид, 25. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Держава“ Вевчани има свој претендент во изборната трка за претседател на Република Македонија.

Вевчанецот Господин Попоски започна да собира потписи за кандидатура и за Супер радио и OhridPress изнесе дел и од неговите ставови и зошто се одлучил за ваков чекор.

– Се залагам за името, за студентите, за земјоделците и за пензионерите, изјави кратко 48-годишниот вевчанец кој работи како градежен работник и земјоделец.

Тој ги повикува сите да го дадат својот потпис за него во подрачното одделение на ДИК во Струга.

Разговаравме и со неколку луѓе од Вевчани, кои дадоа силна поддршка за Господин Попоски.

– Сите ви нудат кандидати за претседател, само ние Ви нудиме Господин, порачуваат луцидните вевчанци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука