Избор Охрид Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

„Рибари Охрид“ со поддршка за струшките „Паткари“: Не личи Езерското дерби само со една навивачка група

Охрид, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од навивачката група „Рибари Охрид“ на нивниот официјален профил на Facebook порачаа дека Езерското дерби не го личи само со една навивачка група на трибините.

– Да за Дерби, не за вакви катастрофални одлуки!!! Иако сме најголеми ривали, ние на крајот од денот сме навивачи, и го разбираме револтот на НГ „Паткари“, и ги поддржуваме за овој настан. Како е можно, кога претходно беше се’ договорено, домашниот ФК „Караорман“ да не ги прими своите навивачи на нивната матична трибина, и ние место нив да бидеме на тоа место!? Да, тоа место е подобро за навивање за нас, но, бадијала, кога се знае која трибина беше предвидена за нас, а која за нив! Срамно е ова дерби да биде без две групи! Ние ги знаеме условите на стадионот во Струга, и како гости знаеме кој дел од стадионот е предвиден за нас, без разлика што условите не се добри за навивање во тој дел, но сепак ние сме гости, без разлика во колкав број ќе пристигнеме. И ќе ве прашаме вас од ФК „Караорман“, дали личеше Езерско дерби во Струга, со присуство само на НГ „Рибари“! Ние секогаш сме на страната на правдата! ФК „Караорман“, засрамете се, порачаа охридските навивачи.

Пртходно и струшките навивачи о групата „Паткари“ излегоа со реакција о која обвинија дека во обид да се спроведе дерби натпреварот како што треба, ги загубија домашните навивачи, оние најверните, кои без разлика дали е дерби или не, се тука и се на трибина.

– На неполни 24 часа до натпреварот, добивме информација дека ние ќе бидиме сместени на северната трибина, а гостинските навивачи во кафезот на јужната. Иако неколку пати беше разговарано за истото и беа понудени решенија од наша страна за гостинските навивачи да бидат на север а ние на нашето место (до кафезот на јужна) некои од засегнатите страни кои треба да го спроведат тоа не сакаат да слушнат за нашето барање. Во услови какви што ги има нашиот стадион, единствена опција за гостински навивачи е северната трибина, знаеме дека не е најсјајно ама тоа е што е, сите групи кои сакаат да гостуваат во Струга се добредојдени, не смее да има забрана за гостинските навивачи, ама не смее и да се игра со нашето место на стадионот. Многу пати сме докажале дека во Струга владее фер и коректна спортска атмосфера, тоа можеше да биде и денес, за жал тоа не се деси. Нашето место е на југ, каде што бевме и денес, но овој пат без песна и знамиња. Спортот се игра за навивачите, порачаа навивачите од „Паткари Струга 1989“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НГ Паткари Струга 1989

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука