ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

Подрачно одделение на ДИК во Охрид: Собрани околу 300 потписи за 10 кандидати за претседател

Охрид, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е собирањето потписи за кандидатите кои сакаат да влезат во трката за прв човек на државата.

Од Подрачното одделение на ДИК во Охрид нѐ информираа дека досега се собрани околу 300 потписи за десет кандидати.

Граѓаните поддршката на кандидатите можат да ја дадат во Подрачната единица на ДИК, што се наоѓа во просториите на Општина Охрид. Својот потпис можат да го дадат граѓаните од општините Охрид и Дебрца.

На државно ниво, заклучно со синоќа до 20:00 часот собрани се вкупно 24.830 потписи. Досега најмногу потписи има собрано кандидатот на ДУИ, Бујар Османи (8.560 потписи), следува Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5.923, кандидатката на Левица Билјана Ванковска- Цветковска има 4.478, Стевчо Јакимовски од ГРОМ 3.091 и Арбен Таравари 1.645.

Потписи ќе се собираат заклучно со 8-ми март 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука