Избор Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Движење ЗНАМ: И охриѓани масовно излегуваат со свој потпис за поддршка на кадидатот Максим Димитриевски

Охрид, 27. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – За само три дена, над 8.000 граѓани ја дадоа својата поддршка за Максим Димитриевски да влезе во гласачкото ливче, информираат од ОО Охрид на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија.

– Упатуваме благодарност до сите оние граѓани кои со својот потпис се веќе дел од промените кои доаѓаат, упатуваме уште еден апел во кој ги  повикуваме сите наши членови, поддржувачи, пријатели, роднини, симпатизери, сите наши истомисленици и слободоумни граѓани  со својот потпис да ја дадат својата поддршка на кандидатот од партијата Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Максим Димитриевски, потенцираат од ЗНАМ.

Просториите на ДИК во Охрид се наоѓаат во општинската зграда, на улицата „Димитар Влахов“, број 57, 6000 Охрид и истите се отворени од 08:00 до 20:00 часот, секој ден и за време на викендите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука