Скопје/Охрид, 27. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На целата територија на Република Македонија, заклучно со синоќа до 20:00 часот собрани се вкупно 39.078 потписи.
Најмногу потписи собра кандидатот на ДУИ, Бујар Османи (10.528 потписи), следува Максим Димитриевски од ЗНАМ со 8.400, Арбен Таравари 7.513, кандидатката на Левица Билјана Ванковска- Цветковска има 6.237, Стевчо Јакимовски од ГРОМ 4.718, Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) 696, независниот кандидат, д-р Вело Марковски 682, Ѓорѓи Манасков 186, Зорица Цветковска 99, Господин Попоски 19 и без потписи е Томе Николоски.
Од Подрачното одделение на ДИК во Охрид нѐ информираа дека досега се собрани околу 600 потписи за десет кандидати.
Граѓаните поддршката на кандидатите можат да ја дадат во Подрачната единица на ДИК, што се наоѓа во просториите на Општина Охрид. Својот потпис можат да го дадат граѓаните од општините Охрид и Дебрца.
Потписи ќе се собираат заклучно со 8-ми март 2024 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес