Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Манифестација „Ликот и делото на Тоше Проески“ денес во ОМУ „Методи Патче“

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во 12:00 часот во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Ликот и делото на Тоше Проески“.

Настанот е во организација на училиштето и Спомен куќата „Тоше Проески“ од Крушево.

Ќе настапат хорот и оркестарот од музичкото училиште со обработки на песни од богатиот опус на Проески. Присутните ќе погледнат и документарен филм за Тоше, а ќе бидат презентирани и фотографии и облека.

Од училиштето информираат дека влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука