Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавена ранг листата на добитници на стипендии за ученици и студенти за учебната 2023/2024 година

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ја објави ранг листата на добитници на стипендии за ученици и студенти за учебната 2023/2024 година.

По претходно распишан Конкурс за доделување на стипендии за ученици од основните училишта во општина Охрид за учебната 2023-2024 година; Конкурс за доделување на стипендии за ученици од средните училишта во општина Охрид за учебната 2023-2024 година и Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2023/2024 година кои живеат во потешки социјални услови Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за ученици од основни и средни училишта и редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2023/2024 година кои живеат во потешки социјални услови.

Се известуваат добитниците на стипендии дека од среда, 6-ти март 2024 до петок, 8-ми март 2024 година, во периодот од 12:00 до 15:00 часот треба да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во придружба на родител или старател.

Кандидатите кои не добиле стипендија, се известуваат дека може да поднесат приговор против Одлуката на Градоначалникот во рок од пет дена од денот на објавување за извршениот избор.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука