Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Објавена новата песна на Оливер Драгојевиќ „Ne mogu ti reći“ (Видео)

Сплит, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На официјалалниот YouTube канал на Aquarius Records утрово беше објавена новата песна на Оливер Драгојевиќ „Ne mogu ti reći“.

Легендарниот музичар ја сними песната пред својата смрт, а според најавите, наскоро ќе бидат објавени уште 12 песни.

Неговото семејство го чува споменот на Оливер преку она што му беше најважно – неговата музика. Велат дека скоро две години ги слушале материјалите кои тој ги снимал до крајот на животот. Внимателно избирале, потсетувајќи се на сите негови коментари и упатства, така што сите песни биле направени со негова согласност, по што се родил албумот со нови песни на Оливер – „Долазиш“.

– Со заминувањето на Оливер го наследивме сето она што тој го создаде во текот на неговата долга кариера, а од што произлезе огромна одговорност кон неговото наследство, но и кон неговите обожаватели кои секогаш го придружуваа на неговото патување. Почувствувавме потреба да собереме песни кои останаа необјавени и со помош на соработниците и пријателите на Оливер го подготвивме овој албум по неговите критериуми и афинитети. Добро е познато дека тој беше скромен човек, но кога стануваше збор за музика, секогаш го бараше максимумот од себе. Работевме на овој албум додека не се уверивме дека сме достигнале ниво од кое ќе бидам задоволен, потенцираат од неговото семејство.

Текстот за „Ne mogu ti reći“ го напиша Матко Шимац, додека за аранжманот се погрижи Едуард Ботриќ. Спотот е дело на Матко Петриќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука