Охрид, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На барање на публиката, претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, ќе се прикажува на репертоарот на Охридскиот театар, во четврток, на 7-ми и петок, 8-ми март 2024 година, со почеток во 20:00 часот.
– Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Охридскиот театар.
Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.
Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.
Билетите ќе се продаваат на билетара во понеделник 4-ти март 2024 година, од 09:00 до 19:00 часот. Резервации за претставата не се примаат и билетите ќе се продаваат само на билетара по принцип прв дојден, прв услужен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива